Аљдин Шерифи

Тринаесетгодишниот Аљдин Шерифи од Тетово има целосно слепило

Секој ден патува од Тетово во Скопје за да се посвети на својата пасија, свирењето пијано и хармоника

Слепилото не го спречило да ужива во светлината на музиката

„Од каде љубовта? Тоа е од кога бев мал, слушав често музика од радио, музика од телевизија, музика од компјутер. На компјутер, познатиот композитор Лудвиг ван Бетовен. Музиката те релаксира. Убавата мелодија, убавата техника на музиката.“ Аљдин Шерифи (ученик)

Тој е шесто одделение во Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“

Вторник и четврток му се денови посветени за музика со наставниците Боби и Мирсада

„Затоа што е комуникативен, затоа што е креативен, затоа што знае да направи и шега. Знае често да биде уморен, да каже „ми се спие“. Меѓутоа, затоа сум тука јас. Да го стимулирам со нешто и да направиме еден прогрес во часот.“ Боби Спасенцовски (наставник)

Освен на училиште, пијано и хармоника вежба и дома

Композициите ги учи напамет, прво со десна, па со лева, па со двете раце

„Мојата желба е да бидам супер музичар и да патувам низ светот. Да ме гледа светот, каков концерт ќе држам, луѓето ќе ги изненадувам.“ Аљдин Шерифи (ученик)
Нов предизвик му е да се научи да свири на гитара и виолина

„Дишам со тебе и заспивам. Се будам со тебе, пак те сонувам. Јас те сакам, како никогаш. Со цело срце, душа и тело. Ти си мој живот, мое се.“

Аљдин Шерифи

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.