Со светското првенство во фудбал во Русија се разгорува и страста за собирање на албум со сликички од фудбалерите

Никола Здравковиќ собира сликички од фудбалери од кога имал само 8 години
неговата пасија трае 20 години, но и денеска го има истото чувство како кога го купил првото пакетче
Има 43 албуми од светските и европските првенства и од клупски натпреварувања, а дел се пиратски изданија
Прв албум му е од светското во Франција во 1998, а најдраг од Евро фудбал 1998/1999 со фудбалери на Вардар и Слога Југомагнат
За прв пат го пополнил албумот од светското првенство во Германија 2006
Никола Здравковиќ- Колекционер на сликички – Се сеќавам последни две сликички што ми фалеа беа Валон Бехрами од Швајцарија и Павел Недвед од Чешка и Недвед го добив релативно лесно, Бехрами не можев две недели да го најдам. Деца го имаа лепено по ѕидови му имаа цртано мустаќи, наочари, а јас тие две недели се гризев затоа што тие две недели не можев буквално никаде да го најдам. Ниту на оние организирани менувања пред трговски центри, на плоштади, кај фонтана. Меѓутоа на крај ете успеав да го најдам и него и тоа беше една радост неопислива Денес се собираат и онлајн албуми, но го немаат шмекот на самолепливите сликички
Колекционерите се уште организираат групни менувања со дупликати
ТОНСКО:Никола Здравковиќ- Колекционер на сликички – Доаѓаат или многу мали деца коиимаат седум-осум години. Тие доаѓаат со родителите. Доаѓаат и луѓе на моја возраст кои уште од детството таа страст ги нема напуштено па дури и постари. Меѓутоа оние генерации од четиринаесет-петнаесет години кои можат да собираат самостојно не се ниту премногу мали не се ниту премногу возрасни се најмалку на број. Јас знам дупликатите сме ги чувале буквално како мало богатство. Не сме дозволувале некој да ни земе сликичка, да не изигра под наводници за дупликат да ни земе повеќе отколку што треба, а сега и тој шмек и таа страст е изгубена.
Денес, за да го пополните албумот кој се продава за 80 денари и да немате дупликати ќе ви треба мало богатсвo

Со светското првенство во фудбал во Русија се разгорува и страста за собирање на албум со сликички од фудбалерите

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.