Доајените на македонското глумиште, Гоце Тодоровски и Ѓокица Лукаревски ги одиграа последните претстави на “штиците што живот значат”

Гоце Тодоровски и Ѓокица Лукаревски се пензионираа со “Како да се ограби банка” и “Партија реми”

Доајените на македонското глумиште, Гоце Тодоровски и Ѓокица Лукаревски ги одиграа последните претстави на “штиците што живот значат”
Актерските легенди се пензионираа со „Како да се ограби банка” и „Партија реми” во Драмски театар
Публиката ги памети по бројните улоги во театар, на филм, во радио емисии…
Беа дел од – „Македонски народни приказни”, „Хихирику”, „Женски Оркестар”…
Глумеа и во „Викенд на мртовци”, „Среќна нова 49”, „Солунски патрдии”, „Трст виа Скопје”
ТОНСКО:Гоце Тодоровски-Актер: На волкот му е дебел вратот оти сам си коле овца. Е мајката. Шо ќе е оваа работа? Јас служба му барам тој ум ми дели. Ааха сака да каже демек, сам да си најдам служба, сам да си ја свршам работата без да барам помош од друг. Епа штом е таква работата знам што ќе направам знам … (2:48-3:25) (Сцена од македонски народни приказни “Царот и овчарот”)
ТОНСКО:Ѓокица Лукаревски – Актер (36-1:01) (Сцена од Хихирику “Трудната баба”)
А бре не може да си трудна бабичке ме разбираш ли што ти зборувам?
Абе зошто па ова е навреда докторе јас сум женска на некој начин не сум машко …
Не бе бабичке не ме разбираш.Не може по законите на природата.Ме разбираш?Ти поминал рокот бабичке.
Види сега рокот. Па јас не сум конзерва па рокот да ми поминал.
Пензијата не значи дека веќе нема да ги гледаме во други улоги
Нивните колеги велат дека актерот треба да биде на сцена се додека може и додека публиката го бара тоа

Доајените на македонското глумиште, Гоце Тодоровски и Ѓокица Лукаревски ги одиграа последните претстави на “штиците што живот значат”

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.