Активни млади за подобри заедници

Отворен повик за креирање на дигитална алатка која ќе помогне за решавање на локални проблеми.

Days
Hours
Minutes
Seconds

Овој повик се отвора со цел да се создадат дигитални можности за подобрување на комуникацијата и односот помеѓу локалните власти и младите. Креирање на алатката може да користи повеќе канали и формати како што се (но не се ограничува на нив): секаков вид на игри, видео серијали или crowdsourcing, како и алатки за лична комуникација со цел вклучување на младите луѓе во локални иницијативи за решавање на нивните општествени проблеми поврзани со властите. Целта е да се создадат нови можности или да се добијат нови технолошки решенија кои би ги  олесниле иницијативите на младите за решавање на одредени проблем или потреби што ги имаат, а се поврзани со локалните власти. 

Избраните учесници ќе имаат можност да работат во тесна корелација со ИДЕА-ЈИЕ и НДИ  со цел да се осигура дека идејните решенија кои ќе бидат финансирани добијат соодветен третман,  имаат географска и демографска корисност, дека е застапена родова еднаквост во тимот на имплементација и дека имаат функции кои ќе им помогнат и на оној дел од младината кои имаат попречености или посебни потреби, како и корисност за малотените лица. 

Избраните идеи за технолошки алатки на локално ниво ќе бидат надгледувани и од технолошки експерти од Скопје и Вашингтон. 

ВОЗРАСТ

Право на пријавување имаат сите млади од Р.С. Македонија на возраст од 18 до 35 години.

НАГРАДЕН ФОНД

Вкупниот фонд за поддршка на идејните решенија изнесува $ 4.500, а ќе бидат наградени до 3 идеи.

РЕАЛИЗАЦИЈА

Сите идеи кои ќе бидат наградени мора да се доведат до фаза на реализација.

ПРИЈАВИ СЕ И РЕАЛИЗИРАЈ ЈА ТВОЈАТА ИДЕЈА

Со наградниот фонд од 4.500$ ќе имаш можност да ја реализираш твојата идеја,со помош на ментори од Вашингтон и Скопје, кои ќе те водат низ клучните фази од процесот на развивање, валидација и реализација на твојата идеја.

ЕТАПИ НА ПОВИКОТ

  1. Отворен повик за пријава и достава на краток бриф на идејата во писмен формат (не повеќе од 1000 зборови)
  2. Првичен избор на идеи кои ќе се претстават во живо 
  3. Детално претставување на идејата во живо (или online во зависност од усовите на пандемијата)
  4. Донесување на одлука за избор на идеите
  5. Развивање на идеите 
  6. Креирање на финален продукт

ПАРТНЕРИ

Оваа активност се реализира од Фондацијата ИДЕА-Југоисточна Европа во рамки на програмата на НДИ/Северна Македонија, а финансиски поддржана од Националната фондација за демократија (НЕД).

ПРИЈАВИ СЕ!