Фоторепортажа: Еден ден со медицинскиот персонал на Инфективна

Најголемата битка со коронавирусот се води меѓу ѕидовите на Инфективна клиника во Скопје

Лекарите, медицинските сестри и пациентите се соочуваат со истиот непријател-Ковид 19

И медицинскиот персонал и пациентите делат иста судбина-затворени зад ѕидовите на клиниката

Се охрабруваат меѓусебно за да го победат невидливиот непријател

Медицинскиот персонал е видливо уморен, но позитивен и упорен

На лицата може да се забележат уморот, повредите од маските, потта на челото како доказ за предизвикот со кој се соочуваат

Сведоци се на несериозниот пристап на дел од граѓаните кон социјалната дистанца и непочитувањето на препораките од лекарите

Го забележуваат тоа преку зголемениот број заболени, но и многумината кои, пред нивните очи, ја изгубија битката со вирусот

Овие луѓе упорно продолжуваат да се борат грижејќи се за секој човек подеднакво

Не се борат против смртта, се борат за живот

Фоторепортажа: Еден ден со медицинскиот персонал на Инфективна

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.