Златни маски Требениште

Златните маски од шестиот век пред новата ера, најдени во некрополата кај охридско Требениште, се изложени во Археолошкиот музеј
Изложбата „100 години Требениште“ , по повод еден век од истражувањата на овој локалитет кај Охрид, ќе трае до крајот на август
Изложени се преку 400 артефакти од кои дел се донесени и од музеите од Србија и од Бугарија
Изложбата ќе гостува и во Софија и во Белград, а потоа и во други европски градови
Во текот на Првата светска војна, во 1918 бугарската војска случајно открила неколку гробови по што следувале првите археолошки ископувања
Највредно откритие се златните маски стари околу 2.500 години, а кои се поврзуваат со верувања и ритуали поврзани со погребувањето

Златни маски Требениште

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.