Една година од работата на Владата. Како вие ја оценувате?

Владата на Заев дојде на власт кога државата беше на работ на амбис ветувајќи „Живот во Македонија за сите“

365 дена потоа, ветениот живот изгледа многу далеку
Владата, ставајќи го главниот фокус на надворешната политика, ја врати Македонија на европската мапа

Безусловната препорака за почеток на преговори за ЕУ многумина го сметаат за најголема победа на таа политика
Договорот со Бугарија и интензивните разговори со Грција за спорот за името беа меѓу приоритетите

Реформите во судството се на врвот меѓу задачите на Владата
Најголемиот дел од нив беа таргетирани во планот 3-6-9, објавен во јули минатата година

Многумина не препознаа суштински реформии туку полтронство кај судиите кои важеа за блиски до претходната гарнитура

Ваквите критики коинцидираа со ослободителната пресуда за Заев и затворската казна за Груевски

Зоран Заев: Го отворив судството како пупка. Буквално од целиот овој период од две и пол години наназад. За да дојдеме до транспарентни постапки каде што и во мојот случај се виде целата монтажа. Како сето тоа било испланирано само за да се спречи вистината за Македонија и политичките бомби.

Денеска нема нарачување на судски одлуки, дефинирање на обвинителни акти, прогон против политички противници.

Христијан Мицкоски: Не само што се нарачуваат туку се и претскажуваат пресудите на судовите сега. Дојде ново време во судството кога вие како премиер успевате во детал да ги погодите судските пресуди. Или сте некој потомок на Баба Ванѓа или пак знаете нешто што јас не знам или граѓаните.

На почетокот на мандатот беше укинато екстерното и радиодифузната такса, а воведена беше ефтина тарифа за струјата

Воведоа минимана плата од 12.000 денари, покачена беше акцизата за дизелот за 3 денари

Донесоа полиберален Закон за заштита од пушење и ја укинаа забраната за продажба на алкохол по 19 часот

Во конфликт со опозицијата најмногу влегоа за Законот за јазиците кој беше донесен во тензична атмосфера

Владате смета дека платите и пензиите растат,а опозицијата обвинува за економско назадување

Речиси една година по изборот Заев си обезбеди пошироко парламентарно мнозинство

Кон крајот на мај беше договорена коалиција со БЕСА на Гаши, ДПА, партијата на Турците и Сојузот на Амди Бајрам

Реконструкцијата на Владата беше неизбежна, а Алаѓозовски е единствениот сменет министер

На адреса на Владата стигнаа критики и за прифаќањето на „ерга омнес“ како решение на спорот со Грција

Сметаат дека тоа ќе биде гаранција за поканата за НАТО на самитот во јуни и датум за почеток на преговори со ЕУ

Една година од работата на Владата. Како вие ја оценувате?

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.